Трите партии од коалицијата ВРЕДИ – Беса, Алтернатива и Демократско движење експресно реагираа на наводите што лидерот на четвртиот партнер (Алијанса на Албанците) во таборот, Арбен Таравари ги изнесе во интервјуто за „360 степени“.
Тие велат дека немаат комуникација ниту канали за комуникација со Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Таравари, одговарајќи на прашања во врска со разговорите внатре во ВРЕДИ за настап на претстојните локални избори, потврди дека на овие состаноци тој предложил самостоен настап на секоја од четирите партии на советничките листи, а заеднички кандидати за градоначалници, но тоа било отфрлено од лидерите на другите три партии – Билал Касами, Зеќирија Ибраими и Изет Меџити.
Во врска со шпекулациите, кои кружат дека преговара со ВРЕДИ за воопшто да не се договори, бидејќи е веќе договорен со ДУИ“, Таравари рече дека нема врска со ДУИ, а на дополнително прашање дали има контакти со партијата од Мала Речица, тој кажа дека има комуникација, како што имаат и другите партии од ВРЕДИ.






