Кандидатот за претседател Максим Димитриевски смета дека шефот на државата треба да го добива својот легитимитет од граѓаните и се спротиовставува на идејата за иозбор на предтседател во парламентот.



Претседателот, според Димитриевски, „полноправно ги застапува граѓаните, секогаш може да биде коректор на власта и на опозицијата“, истакна вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Димитриевски смета дека треба намалување на бројот на пратеници на 90 од сегашните 120….

Според него, и некои од министерствата треба да се укинат и трансформираат во Агенции.

Диодаде уште дека и „сериозно да се поработи на Законот за државни и јавни службеници, голем дел од нив се луѓе кои не си ја одработуваат својата плата“.