„Предлагам ПЈРМ да се вика Дакија“, изјави поранешниот заменик-министер за финансии и пратеник на СИРИЗА, Димитрис Марда, за радиостанцијата ТЕМА 104.6.
Тој рече дека, мора да се најде компромисно решение за да се обезбеди мир во регионот. Сепак, тој инсистираше на тоа дека терминот „Македонија“, кој сега се користи, не може да користи.
„Употребата на терминот Македонија од страна на одредена држава (ФИРОМ) е историски неприфатливо и ова се докажува на многу начини“, рече Марда и забележа дека решението на прашањето за името е функција на многу нешта.
„Прашањето мора да биде затворено“, рече поранешниот министер, па дури и сугерираше дека терминот „Дакија“ бил користен во мапите.
„Ако погледнета стари карти во постарите музеи, ќе го најдете терминот во оваа област“, објаснува Марда, како што пренесува порталот In.gr.
Мала прошетка по интернет покажува дека Дакиа (Dacia) била земја населена од Даки, која се протегала северно од реката Дунав на територија главно на денешна Романија, Молдова и дел од Бугарија.
Кралството Дакиа постоело меѓу 82 година пред наша ера се до паѓањето под римска власт во 107 година.
Дали на ова мислел кс-министерот за финасии кому географијата не му била јака страна…





