„Не’ гледаат во очи и не манипулираат. За да станеме членка на Европската унија првенствено Македонија треба да ја средиме, да биде стабилна и самоодржлива држава“, изјави кан дидатот за претседател на државата и актуелен градоначалник Максим Димитриевски вчера на митингот во Охрид.



„Треба да си ги засукаме ракавите дома, да се фатиме за работа да ја спречиме енормната корупција и криминал во државата кои ги создаваа и создаваат политичките елити, да направиме стабилна држава, да станеме свои на своето.

Дури тогаш ќе ни ја отворат портата да влеземе таму како достоинствени, горди Македонци, а не како негирани луѓе од балканските простори“, истакна Димитриевски.

Само со средена држава без корупција и криминал и достоинствен народ може да станеме дел од Европа, се друго е лага, додаде тој.