„Три пати ја носевме на Детска Клиника, цело време ни велеа, терајте дома, терајте дома, терајте дома. Потоа од Козле каде што ја задржаа ќерка ми, ја префрлија на Детска Клиника за хоспитализација.



Утринава околу пет часот не кажуваа што се случува, не даваа никаква информација. Само потоа гледам, починато“ – вели Р.С. татко на починато 14 месечно женско бебе за „Слободен печат“.

Неговата изјава ја потврдуваат и вработени од Клиниката , пишува Слободен печат.

Таткото вели дека дека поседува видео снимка од доктор, која ја снимил ноќеска во Детската Клиника, на која го прашува докторот дали за неговото дете имало спас, доколку било навремено хоспитализирано, на што докторот му дал потврден одговор. Таткото бил исклучително вознемирен и како што и самиот ни кажа, утринава го скршил компјутерот со глава на Детската Клиника после што дошла и полиција.

„Три дена бевме таму и јас и брат ми, цело време ни велеа добро е и носете ја дома, нема потреба да ја држиме тука.

Имам снимка од докторот каде го прашувам дали ако го држевте моето дете тука, ќе имаше спас за него, а каде тој вели ,,имаше спас, ама не било примено”.

Утринава имаше полиција таму, зашто го скршив компјутерот со глава во цел стрес, што чекаат, да носам цвеќе?, изјави таткото за Слободен печат.

Тој додава дека кога ќе заврши обдукцијата ќе поведе правна постапка.

Директорот на Клиниката доктор Реџеп Мемеди во телефонски разговор со Слободен печат потврди дека почнало бебе рано утринава, но дека сите органи работат на утврдување на причините.

Повеќе на следниот ЛИНК