Бразилскиот напаѓач на Барселона во последното интервју вели дека не му паѓа на памет да си замине од Камп Ноу. Со тоа заврши уште една сторија за преселба на Нејмар во некоја друга европска екипа. Во последниот случај тоа беше ПСЖ кој според извори блиски до Паркот на принцовите бил подготвен да ја плати откупната клаузула од 222 милиони евра и дека таткото на напаѓачот ќе оди на преговори.



“Станува здодевно да повторувам, но јас не си одам од Барселона. Последната сезона беше најдобра за мене и едвај ја чекам новата. Одлично сум адаптиран на градот и на клубот, среќен сум и не размислувам за заминување. Погледите ми се насочени само кон освојувањето на нови трофеи со Барселона”, порача Нејмар и ги запре сите шпекулации за негово заминување од Барселона.