Од повеќе страни се пишува и се говори дека Нејмар си заминува од Барселона за 222 милиони евра и дека се е договорено со ПСЖ. Каталонското радио јави дека Бразилецот веќе им соопштил на соиграчите на Камп Ноу и дека ништо не може да го премисли, а Ла Паризиен порано изнесе детали за најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.



Извлекуваме само една ставка од договорот кој наводно го одобрил таткото на 25. годишниот фудбалер, а тоа е неделната плата на Нејмар од неверојатни 665 илјади евра и тоа со платен данок.