ПСЖ официјално го потврди трансферот на Нејмар кој за рекордна сума доаѓа од редовите на Барселона. Французите на каталонскиот клуб ќе им исплатат неверојатни 222 милиони фунти, а Бразилецот е двојно поскап од досегашниот најскап фудбалер, Пол Погба кој минатата сезона за 105 милиони евра потпиша со Манчестер Јунајтед.
Нејмар во присуство на својот татко потпиша со ПСЖ петгодишен договор кој ќе трае до јуни, 2022 година. Барса го купи Бразилецот од Сантош пред четири години за 57 милиони и сега заработи 115 милиони евра.
Веднаш потоа Нејмар со видео се збогува со фанови на Камп Нои и со досегашните соиграчи, истакнувајќи дека доаѓањето во Барса за него било исполнување на детскиот сон. На 21 година имаше можност да заигра со легенди како Чави, Пујол, Меси, Валдес, Иниеста, а потоа беше дел од „МСН“ триото, заедно со Меси и Суарез. Бразилецот истакна дека животот и фудбалот се полни со предизвици, а Пари Сен Жермен е нов голем предизвик во неговата кариера.
https://www.facebook.com/neymarjr/videos/1466965663339112/





