Израелската војска пронашла руско оружје за време на рациите на базите на Хезболах во јужен Либан.
Пронајденото оружје е „најнапредно“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за францускиот весник „Фигаро“, пренесе „Times of Israel“
Нетанјаху потсети дека според резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од 2006 година, само на либанската армија и е дозволено да има оружје во областа јужно од клучната река Литани во земјата.
„Сепак, во оваа област Хезболах ископа стотици тунели и скривалишта каде штотуку откривме голема количина на најнапредното руско оружје“, рече Нетанјаху.
„Нова граѓанска војна во Либан би била трагедија. Наша цел секако не е да испровоцираме. Израел нема намера да се меша во внатрешните работи на Либан.
Нашата единствена цел е да им дозволиме на нашите граѓани кои живеат долж границата со Либан да се вратат дома и да се чувствуваат безбедно“, додал Нетанјаху.






