Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ќе биде опериран при што ќе му биде отстранета простатата, откако му беше дијагностицирана инфекција на уринарниот тракт , соопшти неговиот кабинет, цитиран од Ројтерс.
Проблемот бил откриен на 25 декември , а оттогаш, 75-годишниот Нетанјаху се лекувал со антибиотици.
Должностите на Нетанјаху привремено ќе ги извршуваат израелскиот министер за одбрана Израел Кац или министерот за правда Јарив Левин, објавија израелските медиуми.
Левин служеше и како привремен премиер во пролетта 2024 година, кога на Нетанјаху му беше дијагностицирана хернија и му беше извршена операција.
Пред тоа, во јули 2023 година, Левин исто така го замени Нетанјаху како премиер кога тој беше хоспитализиран поради дехидрација и беше подложен на операција за вметнување пејсмејкер.






