Премиерот Бенјамин Нетанјаху денеска му соопштил на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека Израел е подготвен сам да ја продолжи војната против Хамас , пренесува Ројтерс.
Блинкен кој е во шеста дипломатска посета на Блискиот Исток од почетокот на војната на 7 октомври го предупредил израелскиот премиер дека офанзивата против градот Рафах во јужниот дел на Газа ќедоведе до „понатамошната изолација“ на Израел и ќе ѝ наштети на неговата долгорочна безбедност.
Нетанјахуму рекол на Блинкен дека „нема начин да се победи Хамас без да се влезе во Рафа и да се елиминираат останатите баталјони таму.
Уште повеќе премиерот му рекол на Блинкен дека „се надева дека ќе го направам тоа со поддршка на Соединетите Држави, „но ако треба – ќе го направи тоа сам“.
Израел тврди дека Рафах е последниот бастион на борците на Хамас и дека има план да ги евакуира цивилите пред нападот.
Вашингтон смета дека копнениот напад би бил „грешка“ и би предизвикал преголема штета на раселените таму.
Офанзива во Рафа каде засолниште побарале над милион бегалци од Појасот Газа, претставува ризик и може да предизвика поголем хаос со испораката на хуманитарна помош.
„Ризикува дополнително да го изолира Израел во светот и да ја загрози неговата долгорочна безбедност и углед“, му предочич Блинкен на Нетнјаху.
Американскиот претседател Џо Бајден и Нетанјаху се договорија следната недела израелска делегација да го посети Вашингтон за да разговараат за плановите на Израел за Рафах.






