Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли обвинувањата дека ги изгладувал Палестинците во Газа како метод на војна велејќи дека барањето за налог за апсење што моментално се разгледува во Меѓународниот кривичен суд (МКС) се заснова на „пакет лаги ”, пренесе Си-Ен-Ен.
Тој ги отфрли обвинувањата дека го користи изгладнувањето на Газа како метод на војување.
Обвинителот на МКС Карим Кан во понеделникот објави дека побарал налози за апсење на тројца водачи на Хамас и двајца израелски политичари – Нетанјаху и израелскиот министер за одбрана Јоав Галант – под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото во врска со 7 октомври во Израел и последователните војна во Газа.
Кан рече дека меѓу обвиненијата против Нетанјаху и Галант се „предизвикување истребување, предизвикување гладување како метод на војна, вклучително и негирање на снабдување со хуманитарна помош, намерно таргетирање на цивили во конфликтот“.
Нетанјаху го нарече Кан „ обвинител кој покренува лажни обвиненија и создавае лажни паралели кои се и опасни и лажни“.
Тој инсистираше на тоа дека Израел дозволувал храна и медицинска помош во Газа, наспроти хуманитарните групи кои алармираат дека опколената палестинска енклава сега е во опасност од глад.
Израел дозволи 20.000 камиони со помош во Газа, рече Нетанјаху .
Околу ситуацијат на повеќе од 100 заложници кои сè уште се држат во Газа, Нетанјаху вели дека „воената акција што ја преземаме против Хамас е всушност начин да ги земеме овие заложници, бидејќи без воен притисок, без притисок врз нив, Хамас нема да се откаже од ништо“.






