Несреќна прес конференција на СДСМ: Додека ја напаѓаа Сиљановска таа со армијата беше во зоната на пожари во Неготинско

Несреќна прес конференција на СДСМ од каде денеска беше нападната претседателката на Македонија.



Додека пратеникот на СДСМ Миле Талески на прес конференција ја напаѓаше Сиљановска за неажурност за пожарите таа со високи офицери на АРМ беше во зоната на пожари во Неготинско.

Претходно вчера во зоната на пожарите беа и министрите за одбрана и за внатрешни работи Владо Мисајловски и Панче Тошковски.

,,Во целата ситуација Претседателката Сиљановска исчезна и се занимава со протоколарни средби. Се што дознавме е дека Сиљановска не можеле да ја најдат два дена да ги потпише одлуките за прогласување на кризна состојба. Лежерноста и негрижата на ВМРО-ДПМНЕ е реална опасност по здравјето и безбедноста на граѓаните“, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески откако Силјановска на воениот полигон Пепелиште разговараше со генералите на АРМ а потоа отишла и на терен каде што војниците на АРМ ги гаснат пожарите.

Талески ја обвини и владата дека не прави ништо за пожарите иако за два дена повеќе држави испратија помош а ангажирани се сите ресурси на институциите за гаснење на огновите.

За посетата на Сиљановска на зоната на пожари информираше Армијата на Република Македонија

Претседателката Силјановска Давкова во зоната на пожари на координација со генерали на АРМ

Линк од прес конференцијата на СДСМ