Извршителката Весна Јакимовска била приведена откако нападнала полициски службедник додека била на распит во полициската станица во Кичево за нападот врз новинарот Фуркан Салиу и екипата на ПорталиХ.
Фуркан Салиу објави видео од инцидентот во кој беше нападнат
„На 21.03.2024 во 23.20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода В.Ј.(60) од Скопје.
Таа, претходно, на улицата „Трајче Стрезоски“ во Кичево физички го нападнала Ф.С.(33) од Скопје и ја оштетила неговата службена опрема, а потоа во службените простории на ОВР Кичево, каде била повикана на разговор, физички го нападнала полицискиот службеник и го уништила изготвениот службен материјал.
По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, се наведува во полициското соопштение.





