Осум лица се убиени кога пикап камионот влетал на велосипедска патека во Менхетен во Њујорк. Полицијата соопштува дека возилото удрило во велосипедисти и пешаци пред да удри во друго возило, а возачот излегол и имитирал пукање од пиштол кон полицијата по што бил затрелан.
Сведок на новиот масакр за кој конечниот биленс не е познат затоа што има и други повредени, за медиумите изјави дека видел бел пикап кој возел на југ по патеката за велосипеди со полна брзина и погодил неколку луѓе. Тој, исто така кажал дека слушнал девет или 10 удари.
Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, рече дека тоа е напад на „осамен волк“, додавајќи дека нема докази дека тоа е дел од „поширок заговор или тероризам“.
На 2 октомври во Лас Вегас се случи домашен тероризам кога Американец пукаше на гости на концерт и усмрти 50 луѓе.




