Девет Непалци кои работеле во фирма во Скопје, пред два дена биле пријавени за исчезнати од сопственикот откако се оддалечиле од местото во кое престојувале и им се губи секаква трага, дознава Телма.



Ова е ушт еден во десетината случаи досега…

Минатата недела истото го направија и петмина вработени Непалци во фирма во Охрид, а на почетокот на јули шестмина кои работеле во Скопје.

МВР досега нема соопштено дали има пронајдено некое, од овие пријавени за исчезнати лица, и поради тоа се јавува сомнеж дека тие веќе ја напуштиле државата на нелегален начин и се упатиле кон западно европските земји.