Во составот на идната влада начелно е договорено да влезе и ЗНАМ на Максим Димитриевски покрај коалицитата „Твоја Македонија„ на чело со ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ.
Преговорите со ЗНАМ финишираат, а ЗНАМ најверојатно ќе раководи со две министерства, за Правда и новото министерство за администрација.
„ТВ Алфа“ дознава дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ги добиваат Министерството за внатрешни работи, Финансии, Транспорт и врски, Образование, Министерството за култура, Министерство за надворешни работи, за земјоделство, шумарство и водостопанство, Локална самоуправа, Министерство за одбрана, Енергетика, Политички систем.
„Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, кое досега го раководеа кадри од ДУИ, oдносно Албанци, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ѝ го довери на Демократската партија на Србите во Македонија, односно министер ќе биде лидерот Иван Стоилковиќ.
Министер за внатрешни работи останува Панче Тошковски кој во изминатите речиси четири месеци ја извршува функцијата технички министер во ова министерство. Министер за надворешни работи, според досегашниот тек на преговорите, ќе биде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Министер за одбрана е дефинирано да биде Тимчо Муцунски кој поради тоа ќе се збогува од градоначалничката функција во Аеродром. Министерството за транспорт и врски ќе го раководи функционерот на идната владејачка партија Владо Мисајловски“, дознава МКД.МК
Албанскиот партнер во идната Влада, Коалицијата ВРЕДИ, ќе има шест министерски места и еден прв вицепремиер: Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за здравство, за социјална политика, демографија и млади, за економија и труд, заедно со секторот Евроинтеграции, како уште едно Министерство без ресор задолжено за добро владеење и транспарентност.
Извесно е дека новиот собраниски спикер ќе биде од редовите на ВРЕДИ.






