Патријархот на Бугарската Православна Црква Неофит во последен момент ја откажал посетата на Москва каде што требаше да учествува на 100 годишнината од прогласување на Руската патријашија.
Неофит кој во Москва како што предходно најави, требаше да разговара за признавање на Македонската православна црква – ОА не заминал поради болест, информираат од БПЦ.
Бугарскиот патријарјх по барањето на МПЦ – ОА најави дека ќе започне разговори со другите православни цркви за признавање на МПЦ а во Москва требаше да разговара со рускиот патријарх Кирил и српскиот Иринеј.
Бугарски извори тврдат дека Неофит и да заминел во Москва сепак до директни разговори за МПЦ немало да дојде затоа што специјалната комисија од владици на БПЦ кои што треба да започнат разговори со сите 14 цркви на тема автокефалност за МПЦ сеуште нема подготвено стратегија за разговорите.





