Сè уште нема конкретни резултати во полициската истрага по обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново.
Првично приведените двајца осомничени се ослободени од вина откако не била утврдена нивна поврзаност со нападот.
Еден е пуштен, а вториот се борел во странска војска и сега е опфатен со друга истрага за друго кривично дело.
Врз градоначалникот Ридван Ибраими беше пукано во понеделникот додека со полициско обезбедување, доделено поради заканите кон него, и со двајца соработници од општината се движел по главната улица во Арачиново.
Напаѓачот со автоматска пушка излегол од куќите и почнал да пука.
Полицаецот успеал да го оттурне градоначалникот во каналот до улицата и да го спаси, додека двајцата соработници од општината беа ранети. Еден потешко и беше опериран на градниот кош.
Градоначалникот Ибраими претходно добивал серија закани по неговиот живот.





