Нема сериозно повредени во тепачката во Ченто (фото)

Петнаесетина млади луѓе се приведени од полицијата по тепачката меѓу две групи во автобус на ЈСП во скопската населба Ченто.



Приведените заедно со автобусот се веднаш префрлени пред полициската станица во Автокоманда каде трае увидот.

Според очевидец тепачката се случила на вториот кат на автобусот кој што е оштетен а во инцидентот скршени се и два прозорци.

Во тепачката полесно се повредени тројца малолетници.

Тепачката се случила во автобус 65 Б кој сообраќа од Железничка Станица до село Стајковци.

На оваа линија последниве десетина години се случија повеќе слични инциденти.