Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да се откажат од ветувањето за распуштање на Судскиот совет.



„Веќе нема обвинители и судии кои се во служба на криминалната бизнис елита. Распуштањето на Советот е мерка од која не се откажуваме, ова беше и наше ветување до граѓаните, кое доби поддршка“ изјави денеска Бојан Стојаноски од оваа партија.

„Во меѓувреме, треба да имаме предвид дека најголемиот отпор на овој чекор има оние на кои им служи гнилиот судски систем и оние кои претпочитаат институции со доверба од 2 отсто“, рече меѓу другото Бојан Стојаноски.