Германски научник откри зошто Македонија не може во ЕУ и НАТО

Ниту една македонска политичка партија не е наведена на листата на најголеми противници на западот кои што сакаат блискост со Русија.



Оваа листа е подготвена од Густав Гресел, германски политички истражувач кој во поширок  извештај за Русија, антизападниот сентимент во Европа и европските политички партии ги набројува партиските непријатели на западните политички вредности кои што ги преферираат политичките методи на Москва.

На листата најголеми противници на западот според германскиот научник води Бугарија со дури 5 политички партии кои што пред ЕУ би ја избрале Русија. Гресел извештајот, кој говори за односите во Европа и Русија, го подготвил за влијателниот „Европски Совет за надворешни односи“ кој има сериозно влијание во Европската Унија а негови основачи и членови се голем број европски активни и поранешни политичари.

Бугарските Социјалисти, АТАКА, Алтернатива за Бугарска обнова, Патриотскиот фронт на вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов и Движењето за обнова на Бугарија се меѓу тие што да можат би се свртеле против западот и би се приближиле кон Русија.

Од Грција има 4 партии на листата од кои две се владеачките СИРИЗА и Независни Грци а останатите две се Комунистичката партија и неонацистичката Златна Зора.

На листата котира и Германија со три партии, Национал – Демократската партија, Алтернатива за Германија и Либералните Конзервативни Реформатори.

На листата се и владеачки партии од Унгарија, Данска, Австрија, Италија, франција, Словачка и други европски земји.

Случајно или не токму двете земји со најмногу партии и тоа владеачки на листата, Бугарија и Грција се главна пречка за влез на Македонија во НАТО и ЕУ.