Нема мобилни во школо: Суспендирани над 10.000 ученици во Грција

Од почетокот на учебната година во Грција е на сила забрана за користење мобилни телефони во училиштаа за време на наставата.



Поради кршење на забраната суспенидрани се вкупно 10.700 ученици, соопшти грчкиот министер за образование Кирјакос Пјеркакакис, пренесе Катимерини.

Со регулативата/забраната е предвидена еднодневна суспензија од настава за учениците кои ќе ја прекршат забраната, а оние кои ќе ја прекршат повеќекратно би можеле да бидат отстранети од настава на подолг период.

Ваквите мерки се надоврзуваат на претходно усвоените регулативи против сајбер злоупотреба според која учениците можат да бидат отстранети од училиште ако ги снимаат своите соученици и тие снимки ги постават на Интернет со намера да ги исмеваат или навредуваат, потсетува Катимерини.