По направените тестирања нема заразени меѓу вработените во скопската Зоолошка градина.
Институтот за јавно здравје вчера тестирал двајца кои имале симптоми карактеристични за птичји грип.
„Лице вработено во ЗОО кое не е на доставениот список од 16 луѓе вработени во ЗОО, на ден 21.10 се пријавило во ИЈЗ со тековни симптоми. Ве известуваме дека по добиените резултати од спроведените тестирања, двете лица се негативни за птичји грип“ соопштија од ИЈЗ, пренесе Сител.
Од Факултетот за ветеринарна медицина тврдат дека вирусот е тешко пренослив кај луѓето и нема место за паника. Велат, за некој да се зарази треба да има директен контакт со заразена птица или подолго да престојува во средина каде циркулира вирусот на птички грип.
Се додава дека штом птицата кај која е откриен вирусот слободно шетала и надвор од Зоолошката, граѓаните треба да внимаваат на своите миленици.