Нема докази дека Албанците биле Илири, Х на Илон Маск со сурова реакција на јавна објава

Нема докази дека Албанците се Илири ниту дека тие владееле со територии на денешна Албанија и соседни региони.



Ова е суровата реакција на компанијата Х поранешен Твитер на тајкунот Илон Маск од каде се негираат јавните тврдења за Албанците како наследници на Илирите.

Во таканаречените Community Notes од Твитер кој е сопственост на поддржувачот на Доналд Трамп се наведуваат докази дека овие тези за Албанците како наследници на Илирите се лажни.

,,Територии кои биле управувани и окупирани од Албанците или Илирите (Прото-Алб), почнувајќи од 9 век п.н.е. до денес.

(со исклучок на илиро-римските императори)

-Јапигии
– Илирите
-Средновековни 🇦🇱 кнежевства
-Влахија и Молдавија
-Албански пашалуци
-Египетскиот Кедиват”, пишува во пост на Х напишан од албански активист кој е целосно демантиран од социјалната мрежа.

,Нема доказ дека Албанците владееле (или окупирале) со некоја од овие земји, освен денешна Албанија и соседните територии. Првата албанска држава е формирана во 1913 година по Лондонскиот договор. И нема докази дека Албанците се потомци на Илири”, пишува во забелешката на Х.

Твитот со забелешката на Х

https://x.com/dardangenti4441/status/1820217572585095235?t=ZWctOUCLWXuQxHidBCrATA&s=19