Премиерот Кирјакос Мицотакис во интервју за грчката телевизија „Скај“ изјави дека грчкиот парламент нема да ги ратификува трите меморандуми од договорот од Преспа сè додека не постои целосно усогласување со одредбите.



Трите меморандуми се однесуваат на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ, економската соработка меѓу Грција и Македонија и надзор над воздушниот простор.

Мицотакис вели дека укажал на проблемите од договорот од Преспа кој ги утврдува термините македонски и македонски јазик.

„Предупредив во ’19 година дека ратификацијата на договорот со кој не се согласувавме не’ обврзува да го спроведеме, рече тој, обвинувајќи го Стефанос Каселакис за „усвојување на најлошите навики на неговиот претходник“ во ова прашање. Ознаката „македонски“ за жал е запишана во Договорот од Преспа и тоа беше нашето големо несогласување: Агресивната ознака „македонска етничка припадност“ и „македонски јазик“.

Ја предупредив новата влада во Скопје дека секое отстапување од спроведувањето на Договорот ќе има сериозни последици за нашите билатерални односи, но и за патот на Северна Македонија кон Европа.

Бев многу импресиониран што вчера СИРИЗА побрза да ги достави на гласање во Собранието трите меморандуми за Преспа. Односно, сега кога видовме во она што долго време се сомневавме, дека може да дојде идната влада и на некој начин да ја доведе во прашање сржта на Договорот, ерга омнес (против сите), сега да ги санкционираме меморандумите и да откажеме секакви преговарања. Оружјето што го имаме против Скопје…

Она што денес СИРИЗА го бара од нас е чин што ги достигнува границите на апсурдноста“, рече премиерот. „Нема да ги ратификуваме меморандумите за Преспа доколку не сме апсолутно убедени дека другата страна ги почитува сите одредби од Договорот од Преспа“, изјави Мицотакис за „Скај“.