Ана Ивановиќ (29) и Бастиан Швајнштајгер (33) не ја кријат среќата. Поранешната најдобра тенисерка во светот и поранешниот германски фудбалер сега живеат во Чикаго, каде што Бастиан игра за екипата од МЛС, Чикаго. Неодамна, медиумите објавија дека двојката го чека првото дете, Ана, наводно, носи син, а таа треба да се породи во февруари следната година.



Ивановиќ се повлече од тенисот и ја прекина кариерата на крајот од минатата година, и тоа по 13 години професионално играње во кои освои 15 WTA турнири и еден Гренд слем (Roland Garros 2008), притоа заработувајќи повеќе од 15 милиони долари само од турнирските награди. Најмалку двапати повеќе убавата српска тенисерка заработи од спонзорските договори.


Деталите за индивидуалните спонзорски договори сега излегоа на површина и едноставно е неверојатно што најголемите светски компании барале од Ана. Некои имале ставка со која Ивановиќ треба да се занимава со професионален тенис до 30 години (освен ако не се повреди сериозно) или ќе плаќа милионски казни. Другите договори сѐ уште се деловна тајна, но некои медиуми известуваат за неверојатни информации дека во една од нив е наведено дека на Ана Ивановиќ не и било дозволено да остане во блажена состојба за време на траењето на договорот.
Со заминувањето од тенисот, Ана загуби буквално преку ноќ неколку десетици милиони евра кои ги заработуваше од спонзорите, но си купи душевен мир. Сите забележаа дека поранешната тенисерка буквално сјае по пензионирањето од професионалните спортски обврски.


Но повеќето спонзорски договори се уште се во сила, бидејќи Ана е една од најубавите и најпрепознатливите тенисерки. Адидас беше нејзин најголем и најуспешен спонзор, и носеше заработка од пет милиони евра годишно, а сега како промотор и модел за германската компанија и нивната нова спортска опрема ќе има околу еден милион и половина евра годишно. Ана Ивановиќ остана заштитно лице на модната куќа „Shiseido“, а сѐ уште има договори и со „Rolex“. Сите тие се нејзини спонзори, но со многу помал удел отколку порано.