Уставниот суд на денешната седница донесе одлука со која се укинува делот „националност” во Законот за матичната евиденција, соопшти прес-службата на Судот.



Уставните судии ја донесоа оваа одлука во рамките на предметот оформен по иницијативата поднесена од политичка партија Левица, во која е оспорен член 4 став 1 точка 2 во делот „националност”, член 11 став 1 точка 1 во делот „националностa” и член 13 став 1 точка 1 во делот „националноста“ од Законот за матичната евиденција.

Впишување националност го воведе министерот за правда Кренар Лога кој во мај минатата година објави упатство за матичните служби врз основа на Закон од 1995 година кој беше оспорен од партијата Левица.

Летоска Уставниот суд времено ја стопираше примената на упатството на Лога, но немаше мнозинство за да ја донесе одлуката.

Уставниот суд на 20 декември 2023 година поведе постапка за оценување на уставноста на оспорените одредби од Законот за матичната евиденција, бидејќи основано се постави прашањето за нивната согласност со Уставот.

Во образложението на судот се наведува дека изјаснување за национална припадност не е должност, туку можност со што граѓаните се лишени од правото и да не се изјаснат за својата национална припадност, што за судот е сомнеж дека спротивно на Уставот за слободно изразување.