По изјавата дека Хрватска е на дното на ЕУ поради повлекувањето на европските пари, а дека само Бугарија е полоша, претседателот Зоран Милановиќ рече дека со тоа не ги навреди Бугарите, туку ја исмејува хрватската влада која „не’прави будали и социјален случај“ со тоа што не успеа да повлече доволно европски пари.
Миланович: Хрватска е на дното во ЕУ, полошо е само во…
Бугарското Министерство за надворешни работи на хрватскиот амбасадор му пренело „длабоко разочарување од изјавата на претседателот Милановиќ“, каде што истакнале „дека изјавата е неприфатлива за Бугарија и не е во согласност со одличните билатерални односи меѓу Хрватска и Бугарија“.
Тие истакнаа и дека се надеваат дека „хрватската влада ќе се огради од таа изјава“.






