Неколку од повредените пациенти на пат за Македонија

Во Македонија се лекуваат 23 пациенти, над 20 се на домашно лекување и сите се во добра состојба – од странство денеска се враќаат уште 5-мина. На прес-конференција на министерот за здравство, Арбен Таравари ингормира за моменталната состојба на повредените што се вреќаат од лекувањето во странство.



  • Добра вест е што денеска се враќаат 5 пациенти. Ќе ги пречекаме и нив, ќе бидат сместени првите 24 часа како што е предвидено по протокол. И откако ќе биде направена тријажа од наши специјални тимови, ќе бидат сместени во клиниките каде сметаме да бидат и ќе бидат под надзор, рече Таравари.

Министерот додаде дека откако докторите ќе одлучат, конзилиумот дека треба да се пуштат ќе се пуштат или ќе останат во клиниките. Повеќето се со изгореници, значи нема други повреди коишто се добиени по протоколите што ги добиваме, додаде тој.

Сите овие се стабилни и во добра состојба. Во странство се лекуваат 113 пациенти, вчера еден е вратен од Србија и една пациентка е вратена од Бугарија. Денеска се враќаат 5 пациенти.