Заменик генералниот директор на Национални шуми, Кире Михаилов, кој деноноќно се бореше со пожарите рамо до рамо со пожарникарите и доброволците заврши во болница, заради вдишан чад.
„Со уште неколку други луѓе завршивме на кислородна поддршка поради вдишан ча. Ова е мала цена во однос на она што ќе го плати природата заради големите опожарени површини. Капа долу и огромна благодарност и за сите вработени во Здравниот Дом во Пехчево кои се на висината на своите задачи во оваа исклучително тешка вонредна состојба. Јас ќе бидам добр. Здрави и живи да сте ми сите Вие, а МАКЕДОНИЈА да ни биде вечна и да ни ја чува Господ“, напиша тој на социјалните мрежи.






