Поранешниот десетти женски рекет во светот Кристина Младеновиќ од Франција ѝ застана на патот на најдобрата македонска тенисерка во полуфиналето на турнирот во Фигеира да Фоз, Португалија, кој се игра на тврда подлога и за награден фонд од 100 илјади американски долари.
По елиминациите на втората и на петтата носителка едноподруго, Ѓорческа, неделава 219. на ВТА-листата, ѝ даде достоен отпор на двократната четвртфиналистка на гренслемите и во моментов 232. во поединечна конкуренција во поразот од 6-4, 7-5 по еден час и 45 минути игра.
Полуфиналето на 29-годишната тетовка ѝ донесе 39 ВТА-поени и парична награда од 4.473 долари.






