Некогашните другарчиња ,,си вадат очи”, Шилегов пак удри на Зечевиќ но ,,си го доби” од членови на СДСМ

Некогашните блиски пријатели и соработници екс градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и екс генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ повторно се тема на социјалните медиуми.



Во новиот напад Шилегов го обвини Зечевиќ кој се потпишува како Вардарски дека наместо да јава коњ на Крушево како лани сега јавал на Паљури, монденска плажа на крајот од првиот крак на Халкидики.

,,Годинава вардарскиот во Паљури го јава коњот ….

Без падобрани. Паднат од небо !!!

Ех моја СДСМ …”, пишува Шилегов за својот некогаш близок партиски другар.

Зечевиќ молчи на провокациите од Шилегов кој сепак доби критики но од членови на СДСМ кои му објаснија зошто пропаѓа партијата.

Конфликтот меѓу Шилегов и Зечевиќ почна кога екс генсекот на СДСМ го исфрлил екс градоначалникот од партиска група на Вибер.