Со една своја изјава која беше насочена против Христијан Мицкоски неискусниот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски ,,го закопа” Али Ахмети и ја урна стратегијата на ДУИ за блокада при формирање на влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека ДУИ зборува за двојно мнозинство во Собранието односно Бадентер со кое според Мала Речица требало да се бира новата влада Ковачевски зборува само за бројка од 61 пратеник која е доволна за ВМРО-ДПМНЕ да формира влада.
Ковачевски се обиде да го нападне ВМРО-ДПМНЕ но всушност му направи штета на ДУИ уривајќи ја тактиката на Мала Речица.
,,Тој што не може да формира влада значи изгубил на изборите, бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник. Ќе видиме какви ќе бидат резултатите од изборите на 8 мај, бидејќи изборите уште не се завршени. Тогаш ќе може да се разговара за формирање на влада. Чекајте, полека, па ние сме на избори конкуренти со ВМРО-ДПМНЕ, осми нека дојде па ќе видиме”, изјави Димитар Ковачевски претседател на СДСМ.
Предходно ДУИ постави барање за редефинирање на Охридскиот договор
ДУИ со закани бара нов ,,Рамковен договор” за да може да блокира избор на влада на ВМРО-ДПМНЕ






