Заменик-претседателот на грчкиот парламент и пратеник на „Независни Грци“ (АНЕЛ), негативно ја оцени средбата на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев во Давос.
„Симнување на знак или менување на името на пат, тоа не значи ништо, тоа што треба да се направи е да се смени уставот на Скопје“, изјави Димитрис Каменос.
Тој изрази мислење дека „искрен компромис, фер решение и се што ќе кажат од Скопје, никогаш нема да се оствари, бидејќи нема да го променат уставот“.
Во исто време, тој оцени дека не знае каков ќе биде неговиот став во парламентот „затоа што не можам да замислам каков ќе биде предлогот и зато шато нема да има договор со другата страна“.
Паријата „Независни Грци“ е помал коалиционен партнер во актуелната влада предводена од СИРИЗА, и одбива решение за спорот со „Скопје“ кој би го содржел, според нив, „грчкиот термин Македонија“.
Срдбата на премиерите за разврска на 25 годишниот спор беше поздравена од политичари во ЕУ, но во јавноста во Македонија имаше различни, па и комични реакции на „отстапката“, сегашното име на автопатот кој наводно содржел „иредентистички тенденции“, да се преименува во „Прријателство“.




