Неделата почнува со сонце

Сончево време со температури наместа и до 27 степени најави за денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) а таквото време се очекува и за утре.



Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Утринската температура ќе биде од минус 1 до 7 Целзиусови степени, а во текот на денот од 19 до 27 степени.

По појава на слаба магла бо утринските часови, во Скопје преку денот ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец. Температурата ќе биде од 6 до 26 степени.