Според нова анкета во Грција спроведена по нарачка, конзервативната Нова демократија (НД) води со 10 процентни поени поголема популарност пред владејачката левичарска СИРИЗА.



На прашањето за кого би гласале доколку сега треба да се одржат општи избори, 31,5 отсто од испитаниците изјавиле дека би гласале за НД и 21,5 отсто за СИРИЗА.

На третото место е централно-левичарската партија Движење за промени со 8,5 отсто пред екстремно десничарската Златна зора за која има поддршка од 8 отсто кај електоратот и Комунистичката партија 6 отсто.

Независни Грци, помалиот партнер во актуелната владејачка коалиција, нема да влезе во парламентот, покажува анкетата.