Поранешната шивачка, 93-годишната Маријана Пејс, конечно го доби свидетелство за завршено средно училиште, цели 80 години откако Втората светска војна ја спречи да оди на училиште.
Некогаш одличнната ученичка беше најстариот учесник на Вечерното училиште во Беневенто во близина на Неапол, пишува Индекс.хр.
Семејството на Маријана имаше големи очекувања од неа, со оглед на нејзиниот дух и брилијантната интелигенција, со што се истакнувала во сите училишни предмети.
Нејзиниот татко и ветил дека ќе го продолжи образованието, дури и високото образование, но војната и семејните проблеми ја натерале да го прекине образованието во петто одделение од основно училиште.
„Секогаш бев најдобра во мојот клас, па татко ми ми вети дека ќе го финансира моето универзитетско образование, но потоа започна Втората светска војна, а некои други семејни проблеми се попречија, па бев принудена да се задоволам само со сертификат за завршено образование од основното училиште“, рече Анси.
И покрај тоа, Маријана никогаш не престанала да сонува за продолжување на своето образование.
Благодарение на решителноста и волјата, таа после неколку децении успеа да го оствари својот сон, да се стекне сертификат за завршено средно стручно образование.
„Отсекогаш сум бил љубопитна во мојот живот и се сметам себеси за добро начитана, но секогаш ми недостигаше таа една „хартија“ што конечно ја добив денес опкружена со многу љубов“, рече Пејс во понеделникот, добивајќи го нејзиниот сертификат опкружена од членовите на семејството.
„Сега го остварив мојот долгогодишен сон“, гордо рече таа.






