На 28.5.2025 едношалтерски систем и на граничниот премин Јажинце на Македонија кон Косово: најава по средбата на Ќоку и Фетаи со Ќехаја

„Пратеникот од Вреди Беким Ќоку и вицепремиерот Арбен Фетаи се сретнаа со Флоријан Ќехаја, амбасадорот на Косово во Македонија, вчера, на 20мај 2025 година.“ – објави ТВ 21.

Телевизијата ја пренесува објавата на пратеникот Ќоку на општествената мрежа по вчерашната средба: „За среда, 28 мај 2025 година кога ќе се отвори едношалтерскиот систем ‘Уан стоп шоп’ и на граничниот премин кај Јажинце меѓу С.Македонија и Косово, ја закажавме следната ваква средба меѓу нас, како дел од законодавната и извршната власт од С.Македонија, со дипломатијата на Косово.“ – објави пратеникот Ќоку од Вреди.