На 117 години почина Ина, најстарата личност на светот

Бразилката која беше прогласена за најстарата личност на светот, Ина Канабаро Лукас, почина на 117-годишна возраст.



Родена на 8 јуни 1908 година, Канабаро стана најстарата личност на светот по смртта во јануари на Јапонката Томико Итоока, која исто така имаше 116 години.

Нејзината смрт значи дека титулата ѝ е предадена на Етел Меј Катерхам, која живее во Сари, а моментално има 115 години и 253 дена, објави Дејли Мејл

Таа почина во Конгрегацијата на сестрите Терезијан во Порто Алегре, каде ги помина последните години.

Својата духовна кариера ја започнала на 16-годишна возраст кога влегла во училиштето на сестрите Терезијан, а на 26-годишна возраст се замонашила.

Во текот на животот служеше како учителка и секретар, а во 2018 година, на речиси 110-годишна возраст, доби апостолски благослов од папата Франциско.

Лукас е втората најстара калуѓерка во историјата, по Французинката Лусил Рандон, која живеела до 118 години.