Вработените во ЈСП Турс немаат земено плата четири месеци, а со тоа не им се плаќаат ниту придонесите ниту здравственото осигурување пренесува Курир.
Компанијата цели 15 месеци функционира без управител,иако вработените инсистираат генералниот директор да назначи кој би решил дел од проблемите.
Сега на компанијата и се заканува колапс, а освен проблемот со платите оваа агенција се соочува со тоа што
имало и обиди за неовластено преземање на вработени од ЈСП Турс во ЈСП Скопје. Дополнително на вработените им се вршело мобинг преку испраќање на контроли кои имаат за цел само да вршат притисок врз вработените, а не да ја согледаат ужасната состојба со која овие луѓе се принудени да фунционираат.






