Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ вчера вечерта бил лекуван од повремено пореметување на срцевиот ритам од бенигна природа.
Постапката била планирана порано и поминала добро, соопшти денеска владата.
„Би сакале да ве информираме дека премиерот вчера вечерта беше лекуван во Клиниката за срце и крвни садови на КБЦ ‘Загреб’ поради повремено бенигно нарушување на срцевиот ритам. Постапката беше планирана порано и помина добро“, изјави владиниот портпарол Марко Милиќ во изјава дадена за Хина.
Хина неофицијално дознава дека хоспитализацијата ќе трае 24 часа и дека премиерот Пленковиќ денеска треба да биде пуштен дома.
Станува збор за рутинска процедура која била направена за лекување на срцева аритмија кај хрватскиот премиер. Операцијата почна синоќа околу 19 часот, а околу 21 часот и 30 минути почна да се буди премиерот Андреј Пленковиќ. Индекс.хр





