Пресудата против Доналд Трамп во неговиот случај за поткупот на поранешната порно актерка Сторми Даниелс е одложена за по изборите во ноември, објави Асошиетед прес.
Во петочната пресуда, судијата на Менхетен, Хуан М. Мерчан, го одложи изрекувањето на пресудата на Трамп до 26 ноември, три недели по последното гласање на претседателските избори во САД. Изрекувањето на пресудата првично беше закажано за 18 септември, околу седум недели пред денот на изборите.
Новиот датум значи дека гласачите ќе го дадат својот глас за нивниот следен претседател без да знаат дали кандидатот на Републиканската партија ќе оди во затвор или дури и ќе биде осуден.
Мерџан објасни дека го одложува изрекувањето за да не биде под влијание на претстојните претседателски избори.
„Судот е правична, непристрасна и аполитичка институција“, додаде тој, пишувајќи дека неговата одлука треба да ја отфрли секоја сугестија за спротивното.
Трамп влезе во трката соочен со повеќе кривични обвиненија, откако беше обвинет вкупно четири пати од март 2023 година.
Случајот за поткуп беше единствениот што стигна до судот.
Во јули, судијата ја отфрли федералната тужба во Флорида во која се тврди дека Трамп незаконски чувал доверливи документи.
Денот на изборите е 5 ноември, но многу држави им дозволуваат на гласачите да гласаат предвреме, а некои места го започнуваат изборниот процес околу 18 септември.
Трамп е првиот поранешен претседател кој е осуден за кривично дело.







