На Скопје му треба генералка – врие од ѓубре, хаос во главниот град

Што можат да видат туристите во Скопје и Старата Скопска чаршија освен убавините на градот. Па секако, ѓубре. Поради несовесното работење на градските власти и незаинтересираноста за македонската метропола.



„Фактор“ објави дека сликата на терен е поразувачка.

Во фонтаната што се наоѓа до Камениот мост, во близина на Музејот на ВМРО, атракција беше едно мало момче кое се разладуваше, во водите на фонтаната. Воопшто не му беше грижа што туристите застануваа и се смееја, а некои дури и го фотографираа малото момче. Некои негодуваа, но на момчето не му беше грижа, уживаше во разладувањето.

Од страните на Камениот мост од левата страна на реката Вардар пак, посебно во делот под мостот спроти Археолошкиот музеј, не само што удираше ужасна реа на урина, туку и видливо беше големо количество на ѓубре, а имаше дури и првртена канта за ѓубре.