На скопјани не им пречи аерозагадувањето, го бојкотираа протестот

Само околу 200 граѓани се појавија денеска пред Владата на протестот на кој од институциите се бараат решенија за аерозагадувањето.



И покрај огромната популарност на протестот под наслов „Станете за чист воздух“ кој со денови е најавуван на социјалните мрежи на воздухот на него се појавија минимален број луѓе со што тој стана еден од најнеуспешните во историјата на граѓанскиот активизам.

„Ситуацијата е алармантна и мора итно да се преземат мерки. Сметам дека автомобилите се најголеми загадувачи и мора Владата да го редуцира движењето или да се воведе пар-непар“, изјавил денеска Александар Христов, граѓанин кој излезе на протестот пренесува порталот сдк.мк.

Во делови од Скопје деновиве аерозагадувањето во одредени временски рамки се движи и над 10 пати од дозволените граници.

фото: ФБ

поврзани вести

Како говореше заменикот министер за екологија Макрадули за аерозагадувањето?