Жителите од двете страни на границата од поодамна ѝ го свртија грбот на политиката справувајќи се заедно со тешкотиите на животот, пишува софиски „Труд“.
Едно време од вас купувавме кашкавал, највкусниот што сум го јадел, а сега е ужасен, вели локален продавач на пазарот во Делчево кој секоја сабота е преполн со „шопинг“ туристи од Бугарија дојдени по прехранбени продукти.
Овде нема Европска унија, нема европски стандарди, нема забрани, раставиците можеби се криви, но вкусни. А, без македонски краставици не се прави убава бугарска лутеница.
Бугарите од Благоевград буквално го окупираат пазарот во малиот македонски град и полнат торби со евтини овошја и зеленчук.
Од пазарите, реката бугарски купувачи продолжува во својот шопинг поход и во продавниците, главно оние за храна. Цените се како во Бугарија, не се пониски, но ги гледаме нашите граѓани како ги полнат чантите со сирење или урда, (како што го нарекуваат тука), купуваат јајца, колбаси, тегли со ајвар, зачини…
Велат дека нивниот вкус е вистински, како на времето, пишува во својата репортажа „Труд“.
И кога шопинг-хероите ќе се уморат и нозете им се отечени со одење, доаѓа највеселиот дел од „бугарскиот ден во Делчево“. Сите локални кафеани и ресторани по 13 часот се преполни, масите се полни со сите вкусни јадења од македонската кујна, а келнерите буквално летаат заедно со посакуваните гости. Зашто, соседите од Бугарија не штедат на бакшиш.
„Овој дел од саботата во Делчево ми е најомилен, јадеш обилно, со гарнир со убаво пиво и топол леб, а на крајот сметката е тенка. Порција плескавица, салата, телешка чорба, леб и пиво чинат околу 8 лева“ (четири евра, под 250 денари), велат за „Труд“ задоволните комшии.
Во Македонија, веќе не е проблем да се плати во левови, што беше незамисливо пред три или четири години. Ова е затоа што, откако ќе заврши бугарскиот ден во Делчево, се случува македонски ден во Благоевград, кога македонски граѓани одат во масовно купување на чевли, облека, постелина што ги купуваат – на кило.
Но, левовите се корисни и за нешто друго…
Најголем хит кај средно-стоечките и побогати Македонци е нивните деца да станат студенти на Американскиот универзитет во Благоевград и да земат бугарски пасош за патување без проблем во Европа.
Иста тенденција има и кај Албанците од Македонија. И тие сонуваат за нивните деца да добијат AUBG диплома, тие мислат дека ќе ги отвори своите деца во Америка.
Локалните жители велат дека невработеноста е проблем во Македонија, дека има вработувања, но дека не се плаќаат придонеси за социјално осигурување.
Размената и сивата економија продолжуваат: Во среда и четврток, продавниците и трговските центри во Благоевград се во „сопственост“ на нашите соседи, пишува „Труд“. Со наши лева се упуваат облека, чевли, ќебиња. Секој втор ученик од Македонија на првио училишен ден беше облечен со облека од Бугарија, пишува „Труд“.
Но затоа, поради добрата храна и добра услуга, во изминативе две години бугарскиите бизнисмени ги водат деловни состаноци, семинари во македонските хотели и спа-центри…





