Дури 8 меча во најсилната кошаркарска лига на светот во „најлудата“ ноќ проследени со неколку впечатливи индивидуални настапи. Така Расел Вестбрук имаше 38 поени. 15 скока и 11 асистенции во поразот на Оклахома од Далас со 116-113, а на праг на трипл дабл беше и Бредли Бил од Вашингтон кој имаше 39 коша и по 9 фатени топки и додавања, но затоа неговиот тим триумфира над Чикаго од 114-110. Но тоа не беа најефикасите во последните средби од 2017-тата зошто Лу Вилјамс од Клиперси му даде 40 на Шарлот за 106-98, а Џејмс Харден имаше ист ефект во славјето по две продолженија на Хјустон со Лејкерси од 148-142. Во преостанатите мечеви утринава: Минесота беше поуспешна од Индијана со 107-90, Бостон го победи Бруклин со 108-105, Мемфис беше убедлив со Сакраменто 114-96 и уште, Филаделфија-Феникс 123-110.