На „Пошта“ ѝ требаат 5 милиони евра за да излезе од финасиска криза

Генералниот директор на Македонски пошти, Орхан Куртиши вели дека од Владата побарале 5 милиони евра за излез од финансиската криза.



Владата не предвидува приватизација на Поштата, додека Физибилити студијата за која се потрошени 800 илјади евра е неупотреблива, изјавил Куртиши за Алсат, како што пренесува „Фактор“.

„Побаравме околу 5 милиони евра. Се уште немаме одговор, но ова е привремен излез од кризата , вели Куртиши

Што се однесува до физибилити студијата, таа всушност седи во фиоките на Поштата, никој не се занимавал со неа. Почнав да ја читам, да видам што замислиле таму, но реалната состојба и напишаното се во конфликт меѓу себе“, изјавил директорот.