На Пендаровски му смета повикот за обединување: Мицкоски бара помош и дополнителни коалициони партнери

Повикот за национално обединување на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како да му смета на актуелниот претседател кој се трка за втор мандат во Вила Водно. Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва ја коментираше изјавата на Христијан Мицкоски кој обзнани мораториум и прекин на нападите кон полиитчките партии ЗНАМ и Левица.



„Она што е симптоматично е што Мицкоски уште прв ден од кампања за парламентарни бара помош и дополнителни колициски партнери. Ние тоа не го правиме, нашата коалиција од најмалку 15 политички партии е направена многу одамна и се базира на вредности и принципи, ние не бараме сред кампања помош од пријател. Ми се чини дека тоа е знак на слабост на господинот Мицкоски бидејќи знае што го очекува на 24 април и на 8 мај“, порача Пендаровски.