р Османи, актуелниот министер за надворешни работи од ДУИ на партиските собири отворено и оти принципот победник со победник мора да се применува.
„Ако ДУИ не влезе во Владата, нема да се почитува волјата на гласачите Албанци“, повторува деневовие на партиските собири на ДУИ високиот член на ов аа партија и актуелен министер за надворешни Бујар Османи.
ДУИ и Османи сега повикуваат на нтаканаречениот „Мајски договор“ од 2008 година дека во Македонија мора победникот во македонскиот блок да коалицира со победникот во албанскиот блок.
„Во 2008 година кога ВМРО-ДПМНЕ коалицираше со ДПА од албанскиот блок и покрај поголемиот број на пратеници од ДУИ, Али Ахмети некако успеа да дојде до тој Мајски договор и се формираше таа нова коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Така беше сѐ до 2017 година.
На изборите 2016 година ВМРО-ДПМНЕ беше победникот во македонскиот блок (51 пратеник, а СДСМ освои 49). Тогаш ДУИ беше победникот во албанскиот блок, но токму Ахмети и Османи решија да коалицираат со СДСМ, а не со победникот ВМРО-ДПМНЕ.
Во 2017 година, на 29 јануари токму Османи изјави дека ДУИ не донела одлука за коалiција со ВМРО-ДПМНЕ иако таа партија победила на изборите. Ја донесовме најдобрата одлука за сите граѓани на Република Македонија“, рече тогаш Османи потсетува МКД.Мк.





